Продажно лице за бела техника и мултимедија

Skopje, Sjeverna Makedonija



Паком Компани д.о.о.е.л. Скопје, е членка на М САН групација, најголема регионална компанија со дејност дистрибуција на производи од ИТ технологија, потрошувачка електроника и емобилност и обновлива енергија. Причините за нашиот успех се компетентност и интеграција во работење на сите сегменти и активности, квалитетна дистрибутивна и сервисна мрежа, професионално обезбедени услуги кон потрошувачите, партнерите и крајните корисници, како и ефикасна логистика, финансиска стабилност и регионална координација, поддржани од постојано воведување на иновации во сите сегменти на работењето.


Продажно лице за бела техника и мултимедија

Работно место во Скопје

Што добивате:

  • Конкурентна плата + месечни бонуси согласно остварените таргети;
  • Работни денови од понеделник до петок;
  • Приватно здравствено осигурување по истек на пробен период;
  • Поволности за вработените за купување на производи кои ги дистрибира фирматa;
  • Можност за присуство на спортски активности, тим билдинг и останати настани и активности организирани од страна на компанијата;
  • Можност за стручно усовршување во областа со платени обуки, тренинзи, курсеви и работилници за стекнување на соодветни вештини и знаења, можност за континуирана едукација;
  • Работа во професионална средина и работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне;
  • Работа во интернационaлна групација, динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини;
  • Можност за наградување и напредок во рамки на компанијата;

Работни задачи:

  • Следење на трендови и активности на пазарот, конкуренција, квалитетно и навремено позиционирање на нашите производи кај клучните купувачи;
  • Проширување на портфолио на брендови и производи со цел зголемување на пазарен удел кај клучните купувачи;
  • Позиционирање на производи во канал клучни купувачи и нивни продажни места во согласност со стратегијата на поедини брендови;
  • Изработка и ангажман за реализација на продажни партнерски годишни планови;
  • Учество во планирање и организација на продажни и промотивни активности и нивно спроведување во партнерски канал;
  • Преговарање и одржување на квалитетен однос со партнерски канал, унапредување, проширување на портфолио и зголемена соработка со клучни купувачи;
  • Директна комуникација на информации со партнерите, информирање за нови производи и формирање понуди за партнерите;
  • Наплата на побарувања и управување со клиентите;
  • Препознавање на потребите на партнерите, договарање на услови и креирање соодветна понуда;
  • Следење на конкуренцијата и актуелните трендови на пазарот;
  • Креирање извештаи за остварениот промет со партнерите;
  • Предлагање нови идеи со цел остварување дополнителен промет;
  • Извршување сите оперативни и административни активности;
  • Континуирано усовршување во сопственото поле на работа;

Од кандидатот очекуваме: 

  • Најмалку 3 години искуство на истa или сличнa продажнa позициja; 
  • Познавање на продажните канали за бела техника и мултимедија; 
  • Познавање на асортиманот од категоријата на бела техника и мултимедија е предност;
  • Напредно познавање на англискиот јазик и активно користење во деловната комуникација; 
  • Да поседува презентациски, комуникациски и преговарачки вештини; 
  • Совесност, организираност и насоченост кон постигнување на целите;
  • Напредно користење на MS Office пакетот;
  • Возачка дозвола од категорија Б (активен возач).

Краен рок за аплицирање: 06.09.2024 година.

Продажно лице за бела техника и мултимедија

Opis posla

Продажно лице за бела техника и мултимедија

Osobne informacije