Продажен претставник за потрошувачка електроника и климатизација

Skopje, Sjeverna Makedonija



Паком Компани д.о.о.е.л. Скопје, е членка на М САН групација, најголема регионална компанија со дејност дистрибуција на производи од ИТ технологија, потрошувачка електроника и емобилност и обновлива енергија. Причините за нашиот успех се компетентност и интеграција во работење на сите сегменти и активности, квалитетна дистрибутивна и сервисна мрежа, професионално обезбедени услуги кон потрошувачите, партнерите и крајните корисници, како и ефикасна логистика, финансиска стабилност и регионална координација, поддржани од постојано воведување на иновации во сите сегменти на работењето.


Продажен претставник за потрошувачка електроника и климатизација

Работно место во Скопје

Што добивате:

  • Конкурентна плата + месечни бонуси согласно остварените таргети;
  • Работни денови од понеделник до петок;
  • Приватно здравствено осигурување по истек на пробен период;
  • Поволности за вработените за купување на производи кои ги дистрибира фирматa;
  • Можност за присуство на спортски активности, тим билдинг и останати настани и активности организирани од страна на компанијата;
  • Можност за стручно усовршување во областа со платени обуки, тренинзи, курсеви и работилници за стекнување на соодветни вештини и знаења, можност за континуирана едукација;
  • Работа во професионална средина и работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне;
  • Работа во интернационaлна групација, динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини;
  • Можност за наградување и напредок во рамки на компанијата;

Работни задачи:

  • Обезбедување на раст на бизнисот и зголемување на пазарниот удел на доделениот пазар;
  • Формирање и спроведување на план за развој на пазарот за доделениот пазар преку идентификување на нови можности за раст;
  • Развивање квалитетни односи со постојните клучни клиенти и стекнување нови на доделениот пазар.
  • Препознавање на потребите на клиентите и креирање соодветна понуда;
  • Создавање на месечни и годишни планови и креирање на извештаи за остварениот промет со клиентите;
  • Правење подготовки и одржување на презентации по повод нови артикли;
  • Посета и контрола на теренот и следење на сопствените брендови;
  • Отворање нови продавници и позиционирање на нашите производи во дистрибутивната мрежа;
  • Оперативна имплементација на продажни активности (создавање нарачки, следење на залихите на клиентот и следење на побарувачката);
  • Организација и активно учество во спроведување и следење на промотивни активности и маркетинг;
  • Следење на пазарните трендови со навремено дејствување и прилагодување на пазарните услови и
  • Предлагање нови идеи со цел генерирање дополнителен промет и раст на бизнисот.

Од кандидатот очекуваме:

  • Минимум 3 години искуство во продажба;
  • Oдлично познавање на MS Office пакетот;
  • Возачка дозвола "Б" категорија, активен возач;
  • Развиени комуникациски и преговарачки вештини;
  • Ажурност, организираност и совесност во работењето.


    Краен рок за аплицирање: 06.09.2024 година. 

Продажен претставник за потрошувачка електроника и климатизација

Opis posla

Продажен претставник за потрошувачка електроника и климатизација

Osobne informacije