Асистент на продажба за извоз

Skopje, Sjeverna Makedonija



Паком Компани д.о.о.е.л. Скопје, е членка на М САН групација, најголема регионална компанија со дејност дистрибуција на производи од ИТ технологија, потрошувачка електроника и емобилност и обновлива енергија. Причините за нашиот успех се компетентност и интеграција во работење на сите сегменти и активности, квалитетна дистрибутивна и сервисна мрежа, професионално обезбедени услуги кон потрошувачите, партнерите и крајните корисници, како и ефикасна логистика, финансиска стабилност и регионална координација, поддржани од постојано воведување на иновации во сите сегменти на работењето.


Асистент на продажба за извоз

Работно место во Скопје

Што добивате:

  • Конкурентна плата + месечни бонуси согласно остварените таргети;
  • Работни денови од понеделник до петок;
  • Приватно здравствено осигурување по истек на пробен период;
  • Поволности за вработените за купување на производи кои ги дистрибира фирматa;
  • Можност за присуство на спортски активности, тим билдинг и останати настани и активности организирани од страна на компанијата;
  • Можност за стручно усовршување во областа со платени обуки, тренинзи, курсеви и работилници за стекнување на соодветни вештини и знаења, можност за континуирана едукација;
  • Работа во професионална средина и работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне;
  • Работа во интернационaлна групација, динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини;
  • Можност за наградување и напредок во рамки на компанијата;

Работни задачи:

• Поддршка на продажниот тим во реализацијата на поставените планови за клучните партнери

• Поддршка во развојот и унапредувањето на соработката со постојните и потенцијалните клиенти

• Поддршка во информирањето на клучните клиенти за новите производи и промоции

• Учество во преговори и одржување на односите со партнерите

• Административно следење на процесот на продажба на асортиманот: креирање на планови за продажба, оптимизација на залихи, креирање фактури и координација на испораките до партнерите

• Подготовка на финансиски одобренија

• Учество во креирање и изработка на годишни планови за партнерите

• Учество во следење на спроведувањето и реализацијата на активностите со цел зголемување на деловните перформанси

• Следење на трендовите на пазарот со цел навремени активности и прилагодувања


Од кандидатот очекуваме:

• Познавање на англиски јазик

• Претходно искуство на исти или слични работни места е предност, но не и услов

• Добри компјутерски вештини

• Темелност во решавањето на работните задачи

• Проактивност, приспособливост и совесност во работата

• Снаодливост и брзина во решавањето на работните задачи

• Познавање на паритетот на испораките во надворешно-трговското работење

Краен рок за аплицирање: 11.09.2024 година. 

Асистент на продажба за извоз

Opis posla

Асистент на продажба за извоз

Osobne informacije