Јуниор шпедитер

Skopje, Sjeverna Makedonija

Јуниор шпедитер

Скопје, Северна Македонија

 


Паком Компани д.о.о.е.л. Скопје, е членка на М САН групација, најголема регионална компанија со дејност дистрибуција на производи од ИТ технологија, потрошувачка електроника и емобилност. Причините за нашиот успех се компетентност и интеграција во работење на сите сегменти и активности, квалитетна дистрибутивна и сервисна мрежа, професионално обезбедени услуги кон потрошувачите, партнерите и крајните корисници, како и ефикасна логистика, финансиска стабилност и регионална координација, поддржани од постојано воведување на иновации во сите сегменти на работењето.

Јуниор шпедитер

Што добивате:

  • Конкурентна плата;
  • Работни денови од понеделник до петок;
  • Обуки поврзани со царинското работење;
  • Компаниско колективно осигурување од повреда при работа во и вон работно време,
  • Исплата на годишен регрес;
  • Службен телефон;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Поволности за вработените за купување на производи кои ги дистрибира фирматa;
  • Можност за присуство на спортски активности, тим билдинг и останати настани и активности организирани од страна на компанијата;
  • Работа во професионална средина и работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне;
  • Работа во интернационaлна групација, динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини;
  • Можност за наградување и напредок во рамки на компанијата


Работни задачи:

  • прима, контролира и архивира документи потребни за непречен увоз или извоз од добавувачи или соодветни органи
  • ги презема сите потребни дејствија и ги обезбедува сите потребни документи поврзани со меѓународен транспорт, осигурување, шпедиција, ставање на камиони под царински надзор, потекло и анализа, царинење и пуштање на стока во промет.
  • редовно контактира со релевантните служби на добавувачите, царината, инспекциите, министерствата, шпедитерите, возачите, осигурувањето и сите други тела од значење за увоз или извоз на стоки, со цел да се добијат нови информации и подобрување на условите и процедурите поврзани со увоз и извоз
  • ги презема сите други неопходни дејствија за што поскоро ставање во промет на стоката од увоз или извоз
  • води евиденција на производи кои се наоѓаат во царински магацини;
  • обезбедува правилна потребна придружна документација за непречен промет на стоки (декларации, дозволи, сертификати, резултати од анализа, итн.)
  • по потреба ја проверува увозно-извозната документација со цел да ја утврди содржината на стоката и да ја класифицира во различни тарифни групи користејќи тарифни ознаки;
  • ги подготвува сите извештаи поврзани со состојбата и состојбата на стоката
  • подготвува извештаи поврзани со логистичките трошоци
  • подготвува други логистички извештаи, по потреба од другите сектори
  • стручно оспособување во својот делокруг на работа;
  • усвојување на постоечки и поттикнување на развојот на нови алатки за поддршка на деловните процеси во областа на одговорноста;
  • врши други работи по наредба на претпоставениот


Од кандидатот очекуваме: 

  • Завршено ССС;
  • Лиценца за вршење на застапување во царинските постапки ќе се смета за предност;
  • Познавање на меѓуградски патишта низ С. Македонија;
  • Познавање и работа на компјутер;
  • Упорност, флексибилност, истрајност и совесност во работењето;
  • Високо ниво на одговорност и концентрација;
  • Адаптибилност и можност за работа во тим.

Рок на аплицирање до 15.11.2024 година.



Јуниор шпедитер

Opis posla

Јуниор шпедитер

Osobne informacije