Овластен Сметководител

Skopje, Sjeverna Makedonija


M SAN Групација е најголема регионална компанија која се занимава со дистрибуција на ИТ производи, потрошувачка електроника и уреди за домаќинство, интегрирани ИТ решенија и услуги, како и онлине малопродажба. Во Македонија работиме преку четири фирми: Паком Компани, КИНГ ИЦТ, Цорвус Пеј и eKupi.mk.

Причините за нашиот успех се компетентност и интеграција во работење на сите сегменти и активности, квалитетна дистрибутивна и сервисна мрежа, професионално обезбедени услуги кон потрошувачите, партнерите и крајните корисници, како и ефикасна логистика, финансиска стабилност и регионална координација, поддржани од постојано воведување на иновации во сите сегменти на работењето.

За потребите на целокупното унапредување на групацијата во фирмите во Македонија, имаме потреба од:

Овластен Сметководител

Работни задачи:

  • Книжење на влезни фактури за оперативни трошоци;
  • Книжење и контрола на сите финансиски и материјални трансакции за стока со познавање на работа поврзана со царински магацин, увоз;
  • Книжење и контрола на ДДВ обврските и подготовка на ДДВ пријави;.
  • Изработка на финансиски, сметководствени и даночни извештаи за надлежните институции;
  • Подготовка, спроведување и контрола на денарски и девизните плаќања.

 

Од кандидатот очекуваме: 

  • Работно искуство од најмалку 5 години во струката;
  • Напредно познавање на програмите од МS Office пакетот, особено Excel;
  • Практично искуство и работење во напреден информатички систем;
  • Да поседува Уверение за Овластен сметководител;
  • Познавањето на англиски и српско-хрватски јазик ќе се смета за предност;
  • Активно познавање и следење на новите законски прописи и сметководствени страндарди;
  • Развиени комуникациски вештини, совесно работење и професионализам;
  • Адаптабилност и можност за работа во тим;
  • Возачка дозвола – Б категорија;

Што добивате:

  • Конкурентна плата;
  • Работни денови од понеделник до петок;
  • Компаниско колективно осигурување од повреда при работа во и вон работно време;
  • Исплата на годишен регрес;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Поволности за вработените за купување на производи кои ги дистрибира фирматa;
  • Можност за стручно усовршување во областа со платени обуки, тренинзи, курсеви и работилници за стекнување на соодветни вештини и знаења, можност за континуирана едукација;
  • Работа во професионална средина и работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне;
  • Работа во интернационaлна групација, динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини;
  • Можност за наградување и напредок во рамки на компанијата.


Краен рок за аплицирање: 26.01.2025 година


Овластен Сметководител

Opis posla

Овластен Сметководител

Osobne informacije