Сервисен техничар

Skopje, Sjeverna Makedonija

Паком Компани д.о.о.е.л. Скопје, е членка на М САН групација, најголема регионална компанија со дејност дистрибуција на производи од IT технологија, потрошувачка електроника и емобилност и обновлива енергија. Причините за нашиот успех се компетентност и интеграција во работење на сите сегменти и активности, квалитетна дистрибутивна и сервисна мрежа, професионално обезбедени услуги кон потрошувачите, партнерите и крајните корисници, како и ефикасна логистика, финансиска стабилност и регионална координација, поддржани од постојано воведување на иновации во сите сегменти на работењето.

 


Што добивате:

  • Конкурентна плата
  • Работни денови од понеделник до петок
  • Приватно здравствено осигурување по истек на пробен период
  • Поволности за вработените за купување на производи кои ги дистрибутира фирматa
  • Можност за присуство на спортски активности, тим билдинг и останати настани активности организирани од страна на компанијата
  • Можност за стручно усовршување во областа со платени обуки, тренинзи, курсеви и работилници за стекнување на соодветни вештини и знаења, можност за континуирана едукација
  • Работа во професионална средина и работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне
  • Работа во интернационaлна групација, динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини
  • Можност за наградување и напредок во рамки на компанијата


Работни задачи:

  • Поправка и склопување на IT уреди (таблети, лаптопи, компјутери, камери…)
  • Извршување на администрација во врска со поправки
  • Преглед на стока во поврат и стручна проценка на состојбата
  • Пружање техничка поддршка за партнери и/или корисници
  • Инсталација и одржување на основни средства во компанијата (PC компјутери, принтери, итн.)
  • Техничка поддршка за одржување на сервер сала
  • Теренска работа по потреба


Од кандидатот очекуваме: 

  • Искуство во сервисирање на IT уреди и опрема
  • Познавање на администрацијата која ја следи поправката на уредите
  • Прецизност, ефикасност, одговорност во работата
  • Познавање на MS Office пакетот
  • Возачка дозвола од категорија Б


Ако сакате да се приклучите на нашиот тим и станете дел од нашата успешна приказна, ПРИЈАВЕТЕ СЕ!




Сервисен техничар

Opis posla

Сервисен техничар

Osobne informacije