
M SAN Групација е најголема регионална компанија која се занимава со дистрибуција на ИТ производи, потрошувачка електроника и уреди за домаќинство, интегрирани ИТ решенија и услуги, како и онлајн малопродажба. Во Македонија работиме преку четири фирми: Паком Компани, КИНГ ИЦТ, Цорвус Пеј и eКупи.мк. Причините за нашиот успех се компетентност и интеграција во работење на сите сегменти и активности, квалитетна дистрибутивна и сервисна мрежа, професионално обезбедени услуги кон потрошувачите, партнерите и крајните корисници, како и ефикасна логистика, финансиска стабилност и регионална координација, поддржани од постојано воведување на иновации во сите сегменти на работењето.
За потребите на целокупното унапредување, функционирање и работење на фирмите на групацијата во Македонија, имаме потреба од:
Овластен Сметководител
Работни задачи:
- Извршува сметководствени работи поврзани со:
- увоз на стока, вклучувајќи обработка на калкулации, книжење, усогласување, евиденција, архивирање и контрола на сметководствени документи поврзани со увезената стока и пратеќките трошоци за набавка, царинење, пресметка на даноци и нивно навремено плаќање;
- набавка на стока од домашни добавувачи, вклучувајќи сметководствена обработка на калкулации, книжење, усогласување, евиденција, архивирање и контрола на сметководствени документи поврзани со стока од домашни добавувачи и пратеќки трошоци за набавка; - Усогласување на материјалната и финансиската состојба на стоката во магацин со магацинското сметководство и главната книга;
- Книжење на одобренија и трошоци (изработка, испраќање, книжење, архивирање, контрола) во согласност со внатрешните процедури;
- Компензации и цесии со домашни партнери (изработка, усогласување, книжење, евиденција, архивирање и контрола на сметководствени документи);
- Динарски извештаи (контирање, книжење, усогласување на книжењето со купувачите, евиденција, архивирање и контрола на сметководствени документи);
- Фактури од домашни добавувачи (контирање, книжење, усогласување, евиденција, архивирање и контрола на сметководствени документи);
- Се грижи за чување на документацијата и нејзино правилно одложување во архивата на сметководството;
- Учество во изработка на законски пропишани сметководствени извештаи;
- Учество во сметководствено усогласување со купувачи и добавувачи;
- Учество во пресметка на ДДВ;
- Врши пресметка на амортизација;
- Пополнува обрасци поврзани со залихи на стока и реализација;
- Изработува потребни податоци за анализа на движењето на залихите;
- Извршува работи на книжење, евиденција и архивирање поврзани со благајната;
Од кандидатот очекуваме:
- Работно искуство од најмалку 5 години во струката;
- Напредно познавање на програмите од МS Office пакетот, особено Excel;
- Практично искуство и работење во напреден информатички систем;
- Да поседува Уверение за Овластен сметководител;
- Познавањето на англиски и српско-хрватски јазик ќе се смета за предност;
- Активно познавање и следење на новите законски прописи и сметководствени страндарди;
- Развиени комуникациски вештини, совесно работење и професионализам;
- Адаптабилност и можност за работа во тим;
- Возачка дозвола – Б категорија;
Што добивате:
- Конкурентна плата;
- Работни денови од понеделник до петок;
- Компаниско колективно осигурување од повреда при работа во и вон работно време;
- Исплата на годишен регрес;
- Приватно здравствено осигурување;
- Поволности за вработените за купување на производи кои ги дистрибира фирматa;
- Можност за стручно усовршување во областа со платени обуки, тренинзи, курсеви и работилници за стекнување на соодветни вештини и знаења, можност за континуирана едукација;
- Работа во професионална средина и работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне;
- Работа во интернационaлна групација, динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини;
- Можност за наградување и напредок во рамки на компанијата.
Краен рок за аплицирање: 30.04.2025 година