Дистирбутер/Возач

Skopje, Sjeverna Makedonija


Паком Компани д.о.о.е.л. Скопје, е членка на М САН групација, најголема регионална компанија со дејност дистрибуција на производи од ИТ технологија, потрошувачка електроника и емобилност. Причините за нашиот успех се компетентност и интеграција во работење на сите сегменти и активности, квалитетна дистрибутивна и сервисна мрежа, професионално обезбедени услуги кон потрошувачите, партнерите и крајните корисници, како и ефикасна логистика, финансиска стабилност и регионална координација, поддржани од постојано воведување на иновации во сите сегменти на работењето.


Дистрибутер / Возач

(Ц категорија)


Што добивате:

  • Конкурентна плата
  • Работни денови од понеделник до петок
  • Компаниско колективно осигурување од повреда при работа во и вон работно време
  • Исплата на годишен регрес
  • Приватно здравствено осигурување
  • Поволности за вработените за купување на производи кои ги дистрибира фирматa
  • Можност за присуство на спортски активности, тим билдинг и останати настани и активности организирани од страна на компанијата
  • Работа во професионална средина и работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне
  • Работа во интернационaлна групација, динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини
  • Можност за наградување и напредок во рамки на компанијата


Одговорности на возачот:

  • извршување на транспорт на стока од добавувачот до Друштвото, според налог и во согласност со утврдените процедури;
  • извршување на достава на стока до партнери и крајни купувачи;
  • контрола на исправноста на документи за транспорт и/или достава на стока;
  • според упатствата на непосредниот надреден и во согласност со утврдена процедура, преземање на стока за поврат, сервис и стока издадена на реверс од партнерите, која се довезува во магацин на Друштвото.
  • континуирано следење на техничката исправност на возилото и по потреба корективно дејствување (директно или пријавување до надлежното лице за одржување на возниот парк);
  • одржување на уредност и чистота на работните простории и возилата;
  • стручно усовршување во своето работно поле;
  • усвојување на постојните и поттикнување на развојот на нови алатки за поддршка на бизнис процесите во областа на одговорност.


Од кандидатот очекуваме: 

  • Посакувано е кандидатот да има искуство во превоз на техничка стока
  • Организираност и точност
  • Педантност и одговорност за стоката
  • Возачка дозвола од категории Ц
  • Познавање на работа со компјутер

Дистирбутер/Возач

Opis posla

Дистирбутер/Возач

Osobne informacije