Дистрибутер / Возач

Skopje, Sjeverna Makedonija

Паком Компани д.о.о.е.л. Скопје, е членка на М САН групација, најголема регионална компанија со дејност дистрибуција на производи од ИТ технологија, потрошувачка електроника и емобилност. Причините за нашиот успех се компетентност и интеграција во работење на сите сегменти и активности, квалитетна дистрибутивна и сервисна мрежа, професионално обезбедени услуги кон потрошувачите, партнерите и крајните корисници, како и ефикасна логистика, финансиска стабилност и регионална координација, поддржани од постојано воведување на иновации во сите сегменти на работењето.

 

Дистрибутер / Возач

(Ц категорија)


Што добивате:

  • Конкурентна плата;
  • Работни денови од понеделник до петок;
  • Компаниско колективно осигурување од повреда при работа во и вон работно време;
  • Исплата на годишен регрес;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Поволности за вработените за купување на производи кои ги дистрибира фирматa;
  • Можност за присуство на спортски активности, тим билдинг и останати настани и активности организирани од страна на компанијата;
  • Работа во професионална средина и работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне;
  • Работа во интернационaлна групација, динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини;
  • Можност за наградување и напредок во рамки на компанијата.


Одговорности на возачот:

  • Извршување на транспорт на стока од добавувачот до Друштвото, според налог и во согласност со утврдените процедури;
  • Извршување на достава на стока до партнери и крајни купувачи;
  • Контрола на исправноста на документи за транспорт и/или достава на стока;
  • Според упатствата на непосредниот надреден и во согласност со утврдена процедура, преземање на стока за поврат, сервис и стока издадена на реверс од партнерите, која се довезува во магацин на Друштвото.
  • Континуирано следење на техничката исправност на возилото и по потреба корективно дејствување (директно или пријавување до надлежното лице за одржување на возниот парк);
  • Одржување на уредност и чистота на работните простории и возилата;
  • Стручно усовршување во своето работно поле;
  • Усвојување на постојните и поттикнување на развојот на нови алатки за поддршка на бизнис процесите во областа на одговорност.


Од кандидатот очекуваме: 

  • Посакувано е кандидатот да има искуство во превоз на техничка стока;
  • Организираност и точност;
  • Педантност и одговорност за стоката,
  • Возачка дозвола од категории Б и Ц;
  • Познавање на работа со компјутер.

Дистрибутер / Возач

Opis posla

Дистрибутер / Возач

Osobne informacije