Account Manager (Продажно лице за ИТ опрема и потрошувачка електроника)

Skopje, Sjeverna Makedonija


Паком Компани д.о.о.е.л. Скопје, е членка на М САН групација, најголема регионална компанија со дејност дистрибуција на производи од ИТ технологија, потрошувачка електроника и емобилност и обновлива енергија. Причините за нашиот успех се компетентност и интеграција во работење на сите сегменти и активности, квалитетна дистрибутивна и сервисна мрежа, професионално обезбедени услуги кон потрошувачите, партнерите и крајните корисници, како и ефикасна логистика, финансиска стабилност и регионална координација, поддржани од постојано воведување на иновации во сите сегменти на работењето.

Account Manager

 (Продажно лице за ИТ опрема и потрошувачка електроника)

Работно место во Скопје

Што добивате:

  • Конкурентна плата + месечни бонуси согласно остварените таргети;
  • Работни денови од понеделник до петок;
  • Компаниско колективно осигурување од повреда при работа во и вон работно време;
  • Службен телефон;
  • Приватно здравствено осигурување по истек на пробен период;
  • Поволности за вработените за купување на производи кои ги дистрибира фирматa;
  • Можност за присуство на спортски активности, тим билдинг и останати настани и активности организирани од страна на компанијата;
  • Можност за стручно усовршување во областа со платени обуки, тренинзи, курсеви и работилници за стекнување на соодветни вештини и знаења, можност за континуирана едукација;
  • Работа во професионална средина и работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне;
  • Работа во интернационaлна групација, динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини;
  • Можност за наградување и напредок во рамки на компанијата;

Работни задачи:

  • Одговорен за продажни активности и комерцијални резултати на Паком продуктно портфолио кон листа на купувачи - партнерска мрежа;
  • Оперативно спроведување на продажни пазарни активности и промоции за дефинирано портфолио на производи кон листа на купувачи;
  • Следење на трендови и активности на пазарот, конкуренција, квалитетно и навремено позиционирање на нашите производи кај делегираните продажни партнери;
  • Проширување на портфолио на брендови и производи со цел зголемување на пазарен удел кај продажните партнери;
  • Позиционирање на производи во канал продажни партнери и нивни продажни места во согласност со стратегијата на поедини брендови;
  • Изработка и ангажман за реализација на продажни партнерски годишни планови;
  • Учество во планирање и организација на продажни и промотивни активности и нивно спроведување во партнерски канал;
  • Преговарање и одржување на квалитетен однос со партнерски канал, унапредување, проширување на портфолио и зголемена соработка со продажни партнери;
  • Редовна посета, организирање и водење на состаноци и самостална комуникација со доделени продажни партнери.

Од кандидатот очекуваме: 

  • Завршено ВСС;
  • Претходно искуство на позицијата ќе се смета за предност;
  • Добро познавање на пазарот и продажните партнери за ИТ, аксесоари и потрошувачка електроника;
  • Возачка дозвола, Б категорија;
  • Познавање и користење на ИТ технологија, МS Office програми и други алатки;
  • Одлично развиени комуникациски и преговарачки вештини и професионално продажно претставување на портфолиото и компанијата;
  • Развиени аналитички способности, упорност и истрајност во реализација на продажни планови, самостална организираност. Совесност во работењето и одлучност за навремено делување.
  • Проактивност, фокусираност и посветеност кон реализација и остварување на резултати;
  • Познавање и користење на англиски и српски или хрватски јазик во делот на деловна комуникација.

Краен рок за аплицирање; 09.03.2025 година.



Account Manager (Продажно лице за ИТ опрема и потрошувачка електроника)

Opis posla

Account Manager (Продажно лице за ИТ опрема и потрошувачка електроника)

Osobne informacije