Account manager - LED osvetluvanje

Skopje, Sjeverna Makedonija


Паком Компани д.о.о.е.л. Скопје, е членка на М САН групација, најголема регионална компанија со дејност дистрибуција на производи од ИТ технологија, потрошувачка електроника и емобилност и обновлива енергија. Причините за нашиот успех се компетентност и интеграција во работење на сите сегменти и активности, квалитетна дистрибутивна и сервисна мрежа, професионално обезбедени услуги кон потрошувачите, партнерите и крајните корисници, како и ефикасна логистика, финансиска стабилност и регионална координација, поддржани од постојано воведување на иновации во сите сегменти на работењето.



Account Manager - LED osvetluvanje 

Продажно лице на опрема за ЛЕД осветлување

Работно место во Скопје

Што добивате:

  • Конкурентна плата + месечни бонуси согласно остварените таргети;
  • Работни денови од понеделник до петок;
  • Компаниско колективно осигурување од повреда при работа во и вон работно време;
  • Приватно здравствено осигурување по истек на пробен период;
  • Поволности за вработените за купување на производи кои ги дистрибира фирматa;
  • Можност за присуство на спортски активности, тим билдинг и останати настани и активности организирани од страна на компанијата;
  • Можност за стручно усовршување во областа со платени обуки, тренинзи, курсеви и работилници за стекнување на соодветни вештини и знаења, можност за континуирана едукација;
  • Работа во професионална средина и работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне;
  • Работа во интернационaлна групација, динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини;
  • Можност за наградување и напредок во рамки на компанијата;

Работни задачи:

  • Создавање и развој на годишни планови за купувачи и партнери;
  • Проактивно генерирање продажни можности преку комуникација со постојни и нови купувачи.
  • Самостојна реализација на планови со клучни партнери, следење на трошоци и координација на соработката.
  • Редовни посети на партнерите, проценка на нивните потреби и анализа на конкуренцијата.
  • Развивање и унапредување на соработката со клучни купувачи.
  • Собирање и анализа на потребите на купувачите, изработка на документи и координација со тимот на финансии.
  • Координација на активности со теренските комерцијалисти за унапредување на продажбата.
  • Регулирање на наплата и усогласување со финансиски и сметководствен оддел.
  • Соработка со одделот за набавка и планирање на залихи
  • Извршување на оперативни и административни задачи.
  • Анализа на плановите и предлагање на оперативни активности за подобрување на резултатите.
  • Континуирано усовршување во сопственото поле на работа.

Од кандидатот очекуваме: 

  • Завршено ВСС;
  • Предност ќе имаат кандидатите кои имаат работно искуство во индустријата за осветлување (ЛЕД осветлување, ЛЕД рефлектори, индустриско осветлување, улично осветлување и слично);
  • Возачка дозвола, Б категорија;
  • Познавање и користење на англиски и српски или хрватски јазик во делот на деловна комуникација.
  • Високо познавање и користење на МS Office програми и други алатки;
  • Одлично развиени комуникациски и преговарачки вештини и професионално продажно претставување на портфолиото и компанијата;
  • Развиени аналитички способности, упорност и истрајност во реализација на продажни планови, самостална организираност.
  • Совесност во работењето и одлучност за навремено делување.
  • Проактивност, фокусираност и посветеност кон реализација и остварување на резултати;

Краен рок за аплицирање; 09.03.205 година.

Account manager - LED osvetluvanje

Opis posla

Account manager - LED osvetluvanje

Osobne informacije