Account manager - solarna energija

Skopje, Sjeverna Makedonija


Паком Компани д.о.о.е.л. Скопје, е членка на М САН групација, најголема регионална компанија со дејност дистрибуција на производи од ИТ технологија, потрошувачка електроника и емобилност и обновлива енергија. Причините за нашиот успех се компетентност и интеграција во работење на сите сегменти и активности, квалитетна дистрибутивна и сервисна мрежа, професионално обезбедени услуги кон потрошувачите, партнерите и крајните корисници, како и ефикасна логистика, финансиска стабилност и регионална координација, поддржани од постојано воведување на иновации во сите сегменти на работењето.



Account Manager

Продажно лице за опрема за соларна енергија

Работно место во Скопје

Што добивате:

Конкурентна плата + месечни бонуси согласно остварените таргети;

Работни денови од понеделник до петок;

Компаниско колективно осигурување од повреда при работа во и вон работно време;

Исплата на годишен регрес;

Службен телефон;

Приватно здравствено осигурување по истек на пробен период;

Поволности за вработените за купување на производи кои ги дистрибира фирматa;

Можност за присуство на спортски активности, тим билдинг и останати настани и активности организирани од страна на компанијата;

Можност за стручно усовршување во областа со платени обуки, тренинзи, курсеви и работилници за стекнување на соодветни вештини и знаења, можност за континуирана едукација;

Работа во професионална средина и работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне;

Работа во интернационaлна групација, динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини;

Можност за наградување и напредок во рамки на компанијата;

Работни задачи:

  • Создавање и развој на годишни планови за купувачи и партнери;
  • Реализацијата на наведените планови, водење, подобрување, следење и координација на трошоците кај купувачите и партнерите;
  • Редовна посета на купувачите и партнерите, грижа за нивните потреби, евалуација на потенцијалот и анализа на меѓусебната соработка;
  • Формирање на понуда за купувачите и партнерите;
  • Анализа на потребите и барањата на купувачите и партнерите, анализа на нивниот бизнис и формирање на понуди,преговори и реализација на договори, изработка на испратници и фактури и контрола на проток на документи во согласност со утврдена постапка;
  • Раководење и регулирање на наплатата на побарувањата од партнерите во соработка со одговорните во финансии;
  • Постојано генерирање на нови lead-ови и аквизиција на нови партнери;
  • Редовно известување на надредените за планираните и постигнатиот напредок во согласност со пропишаните постапки;
  • Навремено доставување на информации за остварените акциони планови и активности;
  • Активно следење на трендовите на пазарот, новините и конкуренцијата, како и идентификување на идните потреби на пазарот, а со тоа и истражување и анализа на трендовите на пазарот;
  • Позиционирање на производите на пазарот (ценовник, веб-сајт, портал);
  • Извршување сите оперативни и административни активности;
  • Континуирано усовршување во сопственото поле на работа;

Од кандидатот очекуваме: 

Завршено ВСС;

Најмалку 2 години работно искуство во продажба, предност ќе имаат кандидатите кои имаат искуство со продажба на фотоволтаични системи;

Возачка дозвола, Б категорија;

Познавање и користење на англиски и српски или хрватски јазик во делот на деловна комуникација.

Високо познавање и користење на МS Office програми и други алатки;

Одлично развиени комуникациски и преговарачки вештини и професионално продажно претставување на портфолиото и компанијата;

Развиени аналитички способности, упорност и истрајност во реализација на продажни планови, самостална организираност.

Совесност во работењето и одлучност за навремено делување.

Проактивност, фокусираност и посветеност кон реализација и остварување на резултати;

Краен рок за аплицирање; 30.05.2024 година.

Account manager - solarna energija

Opis posla

Account manager - solarna energija

Osobne informacije