
Дел сме од M SAN Групација која е најголема регионална компанија што се занимава со дистрибуција на ИТ производи, потрошувачка електроника и уреди за домаќинство, интегрирани ИТ решенија и услуги, како и онлине малопродажба. Во Македонија работиме преку пет фирми: Паком Компани, KING ICT, Corvus Pay и eKupi.mk и М Сан Недвижности.
Причините за нашиот успех се компетентноста и интеграција на сите сегменти и активности во работењето, квалитетна дистрибутивна и сервисна мрежа, професионално обезбедени услуги кон потрошувачите, партнерите и крајните корисници, како и ефикасна логистика, финансиска стабилност и регионална координација, поддржани од постојано воведување на иновации во сите сегменти на работењето.
📍Вангел Нечевски 43, Скопје

Го прошируваме нашиот тим и сме во потрага по искусен Сметководител. Доколку сметаш дека е предизвик да се работи финансиски за ваков вид на интернационалана групација аплицирај и ќе разговараме како да соработуваме и растиме заедно.
Работни задачи:
- Книжење на влезни фактури за оперативни трошоци;
- Книжење и контрола на сите финансиски и материјални трансакции за стока со познавање на работа поврзана со царински магацин, увоз;
- Книжење и контрола на ДДВ обврските и подготовка на ДДВ пријави;.
- Изработка на финансиски, сметководствени и даночни извештаи за надлежните институции;
- Подготовка, спроведување и контрола на денарски и девизните плаќања;
- Подготовка на годишна сметка и учество во годишната ревизија на друштвото;
- Подготовка на разни извештаи по барање на поврзани институции, завод за статистика, НБРСМ.
Од кандидатот очекуваме:
- Работно искуство од најмалку 5 години во струката;
- Напредно познавање на програмите од МS Office пакетот, особено Excel;
- Практично искуство и работење во напреден информатички систем;
- Уверение за Овластен сметководител, кое ќе се смета за предност;
- Искуство во работа со САП, кое ќе се смета за предност;
- Познавањето на англиски и српско-хрватски јазик ќе се смета за предност;
- Активно познавање и следење на новите законски прописи и сметководствени страндарди;
- Развиени комуникациски вештини, совесно работење и професионализам;
- Адаптабилност и можност за работа во тим;
- Возачка дозвола – Б категорија;
Што добивате:
- Конкурентна плата;
- Работни денови од понеделник до петок;
- Компаниско колективно осигурување од повреда при работа во и вон работно време;
- Приватно здравствено осигурување;
- Поволности за вработените за купување на производи кои ги дистрибуира фирматa;
- Можност за стручно усовршување во областа со платени обуки, тренинзи, курсеви и работилници за стекнување на соодветни вештини и знаења, можност за континуирана едукација;
- Работа во професионална средина и работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне;
- Работа во интернационaлна групација, динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини;
- Можност за наградување и напредок во рамки на компанијата.