HR Generalist

Skopje, Sjeverna Makedonija


Паком Компани д.о.о.е.л. Скопје – членка на М САН групацијата, најголемата регионална компанија која се занимава со дистрибуција на производи од областа на информациската технологија, потрошувачка електроника, е-мобилност и обновливи извори на енергија – објавува слободно работно место:

HR Генералист
(мид/сениор ниво)
Локација: Вангел Нечевски 43, Скопје

Нашиот успех се темели на компетентноста и меѓусебната поврзаност на сите деловни сегменти и активности. Препознатливи сме по квалитетната дистрибутивна и сервисна мрежа, професионалниот пристап кон крајните корисници и партнери, како и ефикасната логистика, финансиската стабилност и континуираното воведување иновации во сите области на работењето. Благодарение на овие вредности, постојано растеме, се прошируваме на нови пазари и го зајакнуваме присуството во регионот, со цел да останеме прв избор во индустријата и доверлив партнер на сите наши соработници.


Опис на работа – клучни одговорности:
• Оперативно спроведување на процесите на регрутирање и селекција на кандидати во сите фази;
• Активно учество во сите активности и проекти од областа на управување со човечки ресурси во рамките на групацијата;
• Одржување, уредување и ажурирање на HR информацискиот систем;
• Спроведување на организациски и кадровски активности (вработување, воведување во работа, промени на статусот на вработените, престанок на работниот однос);
• Пружање поддршка во планирање, организација и реализација на HR процеси и проекти;
• Предлагање нови решенија, учество во проекти и оперативни задачи од делокругот на работа;
• Извршување на други задачи во рамките на секторот за човечки ресурси.


Профил на кандидатот – потребни квалификации:
• Дипломиран психолог;
• Напредно познавање на работа со MS Office пакетот (Word, Excel, PowerPoint);
• Знаење на англиски и хрватски јазик;
• Искуство во процесите на регрутирање и селекција на кандидати;
• Познавање на работното законодавство;
• Изразени комуникациски и интерперсонални вештини.


Нудиме:
• Конкурентна, редовна плата и работа во стабилна компанија;
• Приватно здравствено осигурување;
• Посебни попусти за вработените при купување производи од нашиот асортиман;
• Можности за стручно усовршување – платени обуки, тренинзи, курсеви и работилници за стекнување знаења и вештини;
• Пријатна и професионална работна средина со колеги подготвени да пружат поддршка;
• Работа во рамките на интернационална групација, динамична работна средина полна со предизвици, нови искуства и можности за личен и професионален развој.


Придружете се на нашиот тим и станете дел од успешната регионална приказна!


HR Generalist

Opis posla

HR Generalist

Osobne informacije