М Сан Дистрибуција е дел од М Сан Група, најголемиот регионален дистрибутер на компјутерска опрема и компјутерска електроника. Низ широко портфолио на производи и технолошки решенија, како и долгогодишна соработка со водечките светски производители, градиме силна мрежа на бизнис партнери и пружаме поддршка на нивниот развој.

📍Вангел Нечевски 43, Скопје
Како специјалист за група производи, ќе соработуваш со нашиот успешен тим во ИТ и Enterprise сегментот од нашето портфолио, ќе ги утврдуваш потребите на нашите бизнис партнери и и да обезбедуваш продажба на производите на крајните купувачи преку квалитетни презентации, сопственото знаење и секојдневната комуникација со партнерите.
Критериумите за оценување на твојата работна успешност ќе вклучуваат остварување на планираните продажни цели, бројот на нови деловни партнери, одржување на постојните партнерства, како и задоволството на купувачите и партнерите.
Главни одговорности:
- Следење на пазарните трендови, конкуренцијата и новостите во областа на производите, како и препознавање на потенцијални деловни можности.
- Обезбедување поддршка во развојот на бизнисот со постојните и потенцијалните партнери и добавувачи.
- Учество во планирањето и спроведувањето на продажните и маркетинг активности.
- Подготовка на понуди, ценовници и продажна документација, како и координација на нарачките.
- Учество во активностите за набавка и следење на залихи на производите.
- Следење на продажните резултати, реализација на плановите и подготовка на извештаи.
- Учество во пласирањето на нови производи и брендови на пазарот.
- Обезбедување поддршка при организација и спроведување на обуки за продажниот персонал и партнерите.
- Соработка со тимовите за продажба, маркетинг и набавка при спроведувањето на деловните активности.
- Извршување оперативни и административни задачи во рамките на работните обврски.
- Континуирано стручно усовршување и надградување на знаењата во областа на работењето.
Од кандидатот бараме:
- Завршено средно, вишо или високо образование од областа на економијата, информатиката или сродни области.
- Минимум 1–3 години работно искуство во продажба или набавка.
- Развиени комуникациски и преговарачки вештини.
- Самостојност, одговорност и прецизност во работата.
- Активно познавање на англискиот јазик.
Нудиме:
- Приватно здравствено осигурување.
- Колективно осигурување од повреди при работа, кое важи за време и надвор од работното време.
- Поволности при купување на производите што ги дистрибуира компанијата.
- Можност за стручно усовршување во областа преку платени обуки, тренинзи, курсеви и работилници за стекнување соодветни вештини и знаења, со можност за континуирана едукација.
- Работа во професионална работна средина и тим кој е секогаш подготвен да пружи поддршка.
- Работа во рамките на интернационална групација, во динамична работна средина исполнета со нови предизвици, со можност за стекнување нови искуства и вештини.
- Можност за надградување и напредување во рамките на компанијата.