PRAVNIK

Skopje, Sjeverna Makedonija

Паком Компани д.о.о.е.л. Скопје, е членка на М САН групација, најголема регионална компанија со дејност дистрибуција на производи од ИТ технологија, потрошувачка електроника и емобилност и обновлива енергија. Причините за нашиот успех се компетентност и интеграција во работење на сите сегменти и активности, квалитетна дистрибутивна и сервисна мрежа, професионално обезбедени услуги кон потрошувачите, партнерите и крајните корисници, како и ефикасна логистика, финансиска стабилност и регионална координација, поддржани од постојано воведување на иновации во сите сегменти на работењето.

Локација: ул. Вангел Нечевски бр. 43

ПРАВНИК 

Опис на работната позиција:

  • Изработка и контрола на сите видови договори со домашни и странски партнери и добавувачи во земјата и во странство;
  • Навремено и континуирано следење на сите релевантни прописи, преземање одговорност и проактивно давање упатства и совети за нивна примена;
  • Претставување на компанијата пред судовите и државните органи;
  • Соработка со инспекциски или државни органи, во случаи на контрола или измена на законите кои се однесуваат на деловното работење;
  • Изработка на предлози за поединечни и општи акти (одлуки, решенија, правилници, протоколи);
  • Изработка на Договор за работа и целата останата работно-правна документација за вработените;
  • Давaњe правни толкувања и правни мислења.

Од кандидатот очекуваме: 

  • Дипломиран правник со положен праводусен испит;
  • Долгогодишно искуство во областа на корпоративното/трговското право;
  • Работа на компјутер и напредна употрева на ICT технологии и алатки;
  • Напредно познавање и употреба на англискиот језик, како и српски или хрватски јазик за потребитне на групациска комуникација;
  • Упорност, флексибилност, истрајност и совесност во работењето;
  • Високо ниво на одговорност и концентрација;
  • Адаптибилност и можност за работа во тим;

Што добивате:

  • Конкурентна плата;
  • Приватно здравствено осигурување по истек на пробен период;
  • Исплата на годишен регрес;
  • Поволности за вработените за купување на производи кои ги дистрибуира фирматa;
  • Можност за присуство на спортски активности, тим билдинг и останати настани и активности организирани од страна на компанијата;
  • Работа во професионална средина и работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне;
  • Работа во интернационaлна групација, динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини;


PRAVNIK

Opis posla

PRAVNIK

Osobne informacije