Продукт Менаџер

Skopje, North Macedonia

еКупи е регионална Интернет продавница со широка и квалитетна понуда која ќе го задоволи секого, со услуга која ви овозможува врвно искуство при купување и сигурност на нашите купувачи.
Како да се оствари тоа – можеби ве бараме Вас: Ако сте полни со позитивна енергија, и мислете дека е eCommerce, без размислување, иднината која е веќе овде – јавете ни се

Поради континуирано зголемување на обемот на работа, имаме потреба од работно место

Продукт Менаџер

ЛокацијаСкопје

Што добивате:

  • Конкурентна плата + месечни бонуси согласно остварените таргети;
  • Работни денови од понеделник до петок;
  • Компаниско колективно осигурување од повреда при работа во и вон работно време;
  • Службен телефон;
  • Приватно здравствено осигурување по истек на пробен период;
  • Поволности за вработените за купување на производи кои ги дистрибира фирматa;
  • Можност за присуство на спортски активности, тим билдинг и останати настани и активности организирани од страна на компанијата;
  • Можност за стручно усовршување во областа со платени обуки, тренинзи, курсеви и работилници за стекнување на соодветни вештини и знаења, можност за континуирана едукација;
  • Работа во професионална средина и работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне;
  • Работа во интернационaлна групација, динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини;
  • Можност за наградување и напредок во рамки на компанијата;

Работни задачи:

  • Активно следење на пазарот и трендовите во каналите на дистрибуција
  • Креирање и евалуација на развојните стратегии на производите во синергија со движењето на пазарот
  • Преговарање и одржување на квалитетни односи со добавувачите
  • Набавка на оптимална количина на производи по најдобри цени во најкраток рок
  • Коодринација на активности во процесот на набавка на производи за понатамошна продажба
  • Управување со залихите, правовремено реагирање на потенцијалните проблематични залихи
  • Реализација на плановите за продажба на производи
  • Пласман на производите на пазарот (ценовник, веб, портал…)
  • Планирање и организација на промотивно – продажни акции

Услови за кандидатите

  • Искуство од минимум две години во продажба/набавка
  • Развиени продажни вештини и преговарачки способности
  • Активно познавање на англиски јазик
  • Подготвени за тимска работа
  • Проактивни, со позитивен став и одговорен пристап кон работата
  • Пожелно е кандидат да поседува возачка дозвола Б категорија.

             Придружете се на нашиот еКупи тим и станете дел од новата дигитална ера!


Краен рок за аплицирање 19.03.2025 година.

Продукт Менаџер

Job description

Продукт Менаџер

Personal information
Professional data